x

Трамп сака да ја забрани апликацијата ТikTok, а Microsoft преговара да ја купи

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 06 Август, 2020 од GSM.mk

Компанијата Microsoft наводно преговара за купување на кинеската апликација ТikTok откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ја разгледува можноста да ја забрани апликацијата во САД.

TikTok е во сопственост на кинеската интернет компанија ByteDance, чија вредност се проценува на 100 милијарди долари. Според американската администрација, апликацијата претставува закана за националната безбедност.

Од кинеската компанија ByteDance уште не се огласија, пишува The Verge.

Претходно овој месец Мајк Помпео за Fox News изјави дека администрацијата на Трамп размислува да ја забрани апликацијата TikTok, а потоа се појави информацијата дека апликацијата може да ја купат Американците за да се избегне забраната.

Администрацијата на Трамп разгледува и други потенцијални акции против ByteDance, вклучително и додавање на кинеската фирма на т.н. „ентитетска листа“, која ги спречува странските компании да купуваат американски производи и услуги без одобрување од Вашингтон.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.