x

Три бесплатни алатки за пристап до вашиот компјутер од друг компјутер

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 13 Април, 2018 од GSM.mk

Можеби досега мислевте дека луѓето кои имаат пристап до нивниот компјутер преку друг компјутер се „хакери“ или „магионичари“, но ние сме тука да ве увериме дека и вие можете да го направите истото и тоа со помош на неколку едноставни, бесплатни апликации.

Некогаш може да се случи да сте на работа или на патување и не можете да дојдете до вашиот компјутер, а во него имате многу потребни податоци кои можат да ви бидат од корист. За да го направите тоа не ви е потребна диплома по информатички технологии, туку само неколку апликации за кои воопшто не мора да плаќате.

Chrome Remote Desktop

Без непотребни опции, Chrome Remote Desktop е сѐ што ви треба од една алатка за мобилен пристап до вашиот компјутер. Оваа апликација служи како далечински управувач за вашиот компјутер, а прилично е корисна ако сакате да го контролирате компјутерот на вашите родители без да мора секогаш да одите кај нив.

За да ја користите Chrome Remote Desktop, морате да се осигурате дека апликацијата е инсталирана на сите уреди кои сакате да ги контролирате. Можете да го инсталирате на секој компјутер кој поддржува Chrome (што значи буквално секаде).

Team Viewer

До пред неколку години самото инсталирање и поставување на Team Viewer на било кој компјутер беше пеколно тешко, но тоа повеќе не претставува проблем. Ако сакате алатка која е понапредна и посовремена од Chrome Remote Desktop, тогаш Team Viewer е вистинската опција за вас.

Откако ќе ја направите почетната инсталација, ќе ви биде покажан код за пристап и лозинка преку која друг корисник може да пристапи до вашиот компјутер, без претходно да се регистрира.

AnyDesk

Chrome Remote Desktop и Team Viewer би требало да ги покријат сите ваши потреби за мобилен пристап до нечиј компјутер, но ако сакате трета опција од било која причина, тука е Any Desk.

Откако ќе ја инсталирате апликацијата, ќе добиете код кој ќе ви обезбеди пристап на компјутерот на кој сакате да работите, секако, ако и на него има инсталирано AnyDesk.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.