x

Три децении од омилената Street Fighter

Категорија: Занимливости Објавено на 13 Декември, 2017 од GSM.mk

Street Fighter, eдна од игриците поради која парите за ужинка ги трошевме на флипери (ова важи за нас кои сме родени во 80-тите години), слави 30 години, а во чест на овој јубилеј доаѓа и посебно издание на играта.

Играчите на Xbox One, PlayStation 4, Nintendo Switch и PC, од мај 2018 година ќе имаат можност да бидат дел од историското издание на една од најпопуларните и најсаканите игри на сите времиња - Street Fighter.

Славеничкото издание е наречено Street Fighter’s 30th anniversary и ќе содржи 12 аркадни класици: Street Fighter, Street Fighter 2, Street Fighter 2: Champion Edition, Street Fighter 2: Hyper Fighting, Super Street Fighter 2, Super Street Fighter 2: Turbo, Street Fighter Alpha, Street Fighter Alpha 2, Street Fighter Alpha 3, Street Fighter 3, Street Fighter 3: 2nd Impact и Street Fighter 3: 3rd Strike.

Campcom, издавачот на играта, најави дека Street Fighter II: Hyper Fighting, Super Street Fighter 2: Turbo, Street Fighter Alpha 3 и Street Fighter 3: 3rd Strike стигаат со мултиплеер компонента.

Campcom најави и дека играта ќе содржи легемдарни ликови како Ryu и Ken, дека играчите ќе можат да го читаат историјатот на игрите, биографиите на ликовите од сите вклучени игри и други занимливости поврзани со Street Fighter франшизата во претходните три децении.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.