x

Три мобилни апликации кои ќе ве опуштат и ослободат од стресот

Категорија: Совети Објавено на 24 Јануари, 2018 од GSM.mk

Веќе сте пробале со разни чаеви за опуштање или со медитација да се смирите и да се ослободите од стресот, но не ви успеало? Тоа е нешто што се случува, посебно кога на крајот од работната недела се сетиме низ какви стресни ситуации сме поминале..

За од тој понеделник неделата да ви тргне во вистински правец, или во било кој друг ден од неделата, постојат некои мобилни апликации кои можеби би биле вистинско решение за вас.

Токму како што на својот паметен телефон имате инсталирано разни апликации за разговор со пријателите, споделување на фотографии или пак оние апликации кои ви помагаат да  ги уредите вашите фотографии, на ист начин на вашиот мобилен можете да додадете и апликации за опуштање.

Овие апликации ветуваат подобра фокусираност, продуктивност, помалку стрес и повеќе самодоверба преку неколку однапред подготвени програми, кои ве мотивираат што подолго да останете позитивни и среќни во животот.

Calm

Апликација која ќе ве однесе на потполно спротивна страна од стресот. Ќе ви донесе мир, а и ќе ви помогне да се ослободите од тегобите и нервозите, кои најмногу се ослободуваат преку медитации, приказни за спиење, рекалсирачка музика и програми за дишење. Исто така, во апликацијата ќе пронајдете различни програми кои ќе ви помогнат да пронајдете мир во различни секојдневни ситуации, без разлика дали станува збор за врски, прекинување на некои лоши навики или несоница.

Tide: Stay focused, be peaceful

Апликација која ви нуди одлична музика за опуштање во позадина. Можете да избирате звуци по желба во рамки на неколку програми кои се наоѓаат во апликацијата, а сите се базирани на звуци од природата. Оваа апликација ви ветува поголема продуктивност и фокусираност.

Meditation & Relaxation: Guided Meditation

Вкупно седум дена за секоја нова навика, поцврст сон, опуштање, односно воопшто среќен и исполнет живот. Целото тоа со медитација и техники на медитација кои можете да ги избирате по сопствен вкус. Оваа апликација ви нуди еден вид на курс, за тоа како да научите правилно да медитирате и да се ослободите од стресот.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.