x

Трикови со кои ќе може да ја сочувате приватноста на Facebook

Категорија: Совети Објавено на 15 Мај, 2017 од GSM.mk

Facebook дневно го користат повеќе од милијарда луѓе, а со помош на мали трикови, може да ја подобрите приватноста на вашиот профил. Business Insider направи избор на неколку едноставни начини како да го изведете тоа и да бидете посигурни...

Тргнете ја опцијата seen преку едноставниот додаток Crossrider Chad Undetected кој работи речиси на сите платформи и прелистувачи.

Ако не сакате да се гледа кога последен пат сте биле активни на Facebook, тогаш е време да го избришете Messenger и да пристапите на чатот преку прелистувачот на вашиот смартфон.

Исто така, целата ваша содржина на профилот можете да ја филтрирате за ограничите што гледаат луѓето кога ќе ве посетат. Тоа е сместено во делот Who Can See My Stuff.

Слично на ова, секој ваш пост не мора да се појавува кај сите ваши пријатели. Се што е потребно е да кликнете на опцијата покрај Post копчето, на која има неколку филтри. Постои и опција Custom Која овозможува да блокирате конкретни корисници или групи.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.