x

Трка на дронови: Човек против вештачка интелигенција

Категорија: Занимливости Објавено на 28 Ноември, 2017 од GSM.mk

NASA веќе подолго време тестира автономни дронови кои се управувани со помош на вештачка интелигенција, а сега тие ги објавија и резултатите од една ваква трка помеѓу дронови управувани од човек и од вештачка интелигенција.

Иако автономниот дрон победи, сепак научниците имаа многу причини за радост, бидејќи перформансите на дронот управуван од вештачка интелигенција ги надмина сите очекувања. Тој се движеше лесно и брзо покрај пречките, и забележа само малку полошо време од дронот управуван од човек.

NASA објасни дека на овој проект се работи веќе две години, а проектот е ко-финансиран од Google. Дроновите наречени Batman, Joker и Nightwing, користат технологија произведена од компанијата Tango за да ја проектираат мапата од околината во која се наоѓаат.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.