x

Tumblr ќе ги забрани содржините за возрасни

Категорија: Занимливости Објавено на 05 Декември, 2018 од GSM.mk

Социјалната мрежа Tumblr најави дека во иднина ќе ги забрани сите содржини за возрасни на нивната платформа.

Од раководството на Tumblr најавија дека забраната ќе се однесува на содржина за возрасни од секаков вид, односно дека ќе бидат забранети фотографии, видеа, GIF-ови и аудио.

„Содржината за возрасни најчесто вклучува слики и фотографии, видеа, GIF-ови и уште неколку аудиовизуелни формати кои покажуваат човечки гениталии или женски брадавици, како и сексуални акти“, пишува во соопштението од Tumblr.

Сите овие верзии на експлицитна содржина ќе бидат забранети веќе од 17 декември, па затоа раководството на Tumblr ги поттикна корисниците на оваа социјална мрежа да ги пријавуваат сите објави кои содржат ваква содржина за возрасни.

Сепак, постојат исклучоци од правилото. На пример, ако биде објавена фотографија на која се гледа гола женска града со откриена брадавица, но во контекст на доење на бебе, тогаш нема да биде забранета бидејќи конотацијата е позитивно ориентирана. Исклучокот важи и за експлицитна содржина во текстуален формат, како и за било која содржина која е дел од парче уметност или пак илустрација.

Оваа одлука за забрана на содржината за возрасни доаѓа кратко откако апликацијата Tumblr беше отстранета од iOS App Store поради тоа што на оваа социјална мрежа беа пронајдени блогови со детска порнографија. Од Tumblr не открија дали таа случка е причинител за овие драстични промени.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.