x

Туторијал: Harlem Shake lockscreen за вашиот iPhone!

Категорија: Софтвер // Туторијали Објавено на 14 Март, 2013 од GSM.mk

Доколку сеуште владее Harlem Shake треската кај вас, тогаш дозволете му и на вашиот телефон да се приклучи на лудилото! Инсталирајте си Harlem Shake на вашиот iPhone на брз и едноставен начин

Пред се, мора да напоменеме дека за овој tweak мора да имате џејлбрејкуван уред. За да инсталирате Harlem Shake lockscreen, можете да ги следите следните чекори:

Чекор 1: Пуштете ја Cydia, одете во Manage > Sources > Edit > Add

Чекор 2: Додадете го следниот repo извор: http://bensge.com/repo/

Чекор 3: Отворете го repo-то и ќе го најдете Harlem Shake твикот.

Чекор 4: Направете respring на уредот и уживајте во вашиот нов lockscreen. :)

Освен можноста за Harlem Shake lockscreen, исто така можете да го инсталирате овој твик за менито на телефонот. За да го направите тоа, потребно е да ги следите следните чекори:

Чекор 1: Отворете ја Cydia и побарајте Harlem Shake

Чекор 2: Инсталирајте го овој твик и направете respring на уредот

Чекор 3: Одете во Settings > Activator и одберете како сакате да го активирате твикот

Чекор 4: Активирајте го твикот според методот кој сте го избрале

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.