x

Туторијал: Инсталирајте AdBlock Plus на Android

Категорија: Софтвер // Туторијали Објавено на 21 Март, 2013 од GSM.mk

Апликацијата Adblock 1.1 веќе е достапна за Android, но нема да ја најдете на Play маркетот. Google не сака да ги блокирате рекламите во Android апликациите, но ние имаме решение за вас

Google ја тргна апликацијата AdBlock 1.1 од Play маркетот со официјално образложение дека „ги модифицира апликациите на несоодветен начин“. Сепак, доколку сакате да ги користите предностите кои AdBlock ги нуди, можете да следите неколку едноставни чекори за да ја инсталирате апликацијата.

1. Одете во Settings > Applications и штиклирајте ја опцијата "Unknown Sources", кога ќе ви дозволи да инсталирате апликации од други извори освен Play маркетот. По завршување на инсталацијата, препорачливо е повторно да ја исклучите оваа опција.

2. Пуштете некој веб прелистувач на телефонот и одете на http://adblockplus.org. Веројатно ќе треба да бидете трпеливи, бидејќи во моментот серверите се преполни и страницата споро се лоадира. Кога ќе се лоадира, ќе забележите Install копче на веб страната. Кликнете го и ќе бидете пренасочени на страната за симнување на AdBlock Plus.

3. Симнете го .apk пакетот од апликацијата. Доколку ви се појави предупредување како на сликата, кликнете Ok за да продолжите со симнувањето.

4. По симнување на пакетот, можете да го инсталирате преку панелот за нотификации (notification bar). Нотификацискиот панел се активира со влечење надоле од горниот дел на екранот. Инсталирајте ја апликацијата.

5. За да може да започне со блокирање на реклами, ќе морате рачно да наместите proxy. Одете во Settings, Wireless networks и кликнете и држете на мрежата која ја користите за да ја модифицирате. 

6. Селектирајте Advanced Options и ќе забележите сетинзи за proxy. Одберете ја опцијата manual settings и во Proxy Hostname box внесете "localhost" или 127.0.0.1

Потоа, во proxy port, внесете 2020. 

Едит - во моментов, овие сетинзи повеќе не функционираат. Не ја знаеме точната причина, но штом излезе ново решение - ќе ве известиме.

7. Зачувајте ги вашите промени и тестирајте го AdBlock Plus во вашиот веб прелистувач!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.