x

Туторијал: Како да го снимате екранот на вашиот iPhone или iPad?

Категорија: Совети Објавено на 10 Февруари, 2019 од GSM.mk

Уште со претставувањето на iOS 11 во 2017 година, Apple им дозволи на своите корисници на лесен начин да го снимаат својот екран. Но, за оние кои сеуште не се запознаени со начинот на кој можат да го прават тоа, подготвивме краток туторијал:

Прв чекор

How to record the screen of your iPhone or iPad

Одете во Settings > Control Center и побарајте ја опцијата која ви дозволува да го снимате екранот, наречена Screen Recording. Потоа, осигурајте се дека опцијата е активирана. 

Втор чекор

How to record the screen of your iPhone or iPad

Во вториот чекор, се што треба е да го отворите Control Center менито и да кликнете на Record опцијата која ќе се наоѓа во долниот лев агол. По негово активирање, екранот ќе почне да се снима.

Трет чекор

How to record the screen of your iPhone or iPad

За деактивирање на снимањето, ќе се појави мала порака која ќе ве праша дали сигурно сакате да прекинете со функцијата. Откако ќе стиснете стоп, видеото ќе се зачува како MP4 документ, со резолуција од 900 x 1600 пиксели. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.