x

Тужба против Apple и Samsung поради преголема радиација на нивните уреди!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 08 Декември, 2019 од GSM.mk

Според новите тестирања кои беа направени на уредите на Samsung и Apple, дел од овие модели имаа резултат над дозволената граница...

Резултатите на Galaxy S8 беа најстрашни. FCC лимитот за радијација е "1.6 вати на килограм". Радијацијата на Galaxy S8 на одалеченост од 2mm била од шокантни 8.22W/kg. Слично на тоа, и iPhone 8 имал радијација двојно поголема од дозволената граница. Од останатите телефони биле тестирани и iPhone 7 Plus, iPhone XR, Galaxy S9 и S10. Тестирањата покажуваат дека нивото на RF радијација се далеку над дозволената граница, некогаш надминувајќи ја и за 500% кога телефоните се користат на начин на кој охрабруваат Samsung и Apple.

Причината за загриженост е бидејќи според истражувањата на Pew 96% од луѓето телефон, а 81% од нив имаат смартфон. Уште позагрижувачки, 29% од тинејџерите спијат со телефонот до нив на кревет. Во такви ситуации радијацијата е најопасна. 

Тужбата нагласува дека компании како Apple и Samsung е потребно да превземат одговорност и вистински да го споделуваат нивото на радијација на нивните уреди со корисниците.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.