x

Тужба против Apple од 200 000 долари поради копирање на Siri Shortcuts логото

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Јуни, 2018 од GSM.mk

И Android и iOS, од време на време претставуваат нови функции во најсвежите верзии од нивниот оперативен систем, чии апликации се произведени од други компании. Една ваква идеја беше и Workflow, апликација наменета за подобро функционирање на Siri..

Со новиот iOS, Apple купи нова апликација, наречена Workflow, како база за Siri Shortcuts функцијата на iOS 12. Apple ја купи апликацијата според сите закони и правила, ја вметна во App Store бесплатно и ја претстави со најновата iOS верзија. Но, бидејќи станува збор за Apple и сите се обидуваат да имаат корист од една од најпопуларните и највредните компании во светот, овој пат не се функциите на Siri Shortcuts проблемот, туку логото. 

Компанијата Shift поднела тужба против Apple, тврдејќи дека Siri Shortcuts логото е речиси исто со нивното лого, барајќи 200 000 долари оштета. "Неверојатно е што една од најпопуларните компании во светот, Apple, која е толку фокусирана на дизајнот на своите уреди, мораше да го копира нашето лого." - изјави директорот на компанијата.

Што мислите, дали навистина си личат?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.