x

Тужба против Error 53 на Apple!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 14 Февруари, 2016 од GSM.mk

Минатата недела ви пренесовме дека Apple започна со заклучување на iPhone уредите кои биле на неовластен сервис. Конечно, корисниците земаат акција...

Error 53 се појавува доколку вашиот телефон бил на неовластен сервис, а најчесто е поврзана со променет екран. Ова се случува ако вашиот телефон или таблет е апдејтиран на iOS 9.0. Откако ќе ви се појави грешката, единствен начин е да го однесете уредот во овластен Apple сервис за да го средат.

PVCA, правна фирма од Сиетл, го истражува случајот и најверојатно ќе поднесе тужба против Apple. Фирмата верува дека Apple ја создаде оваа „грешка“ да да ги форсира корисниците да користат овластен сервис и да плаќаат повисоки цени. На пример, менувањето на екран чини 50-80 долари кај „локален“ сервис и 129 долари (и повеќе) во Apple.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.