x

Twitter воведе „live“ видеа

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 16 Декември, 2016 од GSM.mk

Најновиот апдејт на Twitter им дозволува на корисниците да емитуваат видеа во живо, директно од апликацијата за оваа социјална мрежа, слично како Facebook и YouTube.

Апдејтот ќе биде достапен деновиве за корисниците на Twitter и тоа на Android и на iOS платформите.

За да ја вклучите опцијата, треба да кликнете на опцијата за нов твит и оттука да одберете „live“, што ќе ве одведе до делот за регулирање на видео. Кога ќе бидете спремни, само кликнете на „go live" и стримувањето започнува. 

Станува збор за вклопување на апликацијата за live видеа поседувана од Twitter, наречена Periscope. Дури и да не сте корисници на Periscope и немате акаунт на истата, сега може преку вашиот Twitter профил да стримувате видеа во живо.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.