x

Twitter забележа профит за првпат во историјата

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Февруари, 2018 од GSM.mk

Иако на прв поглед изгледа дека сите социјални мрежи заработуваат големи пари, тоа сепак не е така. Денеска, за првпат во историјата на компанијата, Twitter објави дека направиле профит во изминатата фискална година.

Вредноста на акциите на Twitter нагло скокнаа во последните неколку месеци и тоа придонесе да се зголеми вредноста на компанијата, а со тоа и да се зголеми годишниот профит.

Се очекуваше профитот на Twitter да биде предизвикан од порастот на бројот на корисници, но среќата беше на нивната страна и не мораше да се случи тоа поради фактот што вредноста на нивните акции нагло порасна.

Сепак, постои простор за загриженост поради бројот на корисници на Twitter во минатата година. Бројката не порасна според проекциите, односно стагнираше во текот на 2017 година. Ова се должи на иницијативата на Twitter да ги избрише лажните профили од нивната платформа, со што се балансираше бројот на корисници на отприлика истата бројка како и изминатите години.

„Задоволен сум со стабилниот прогрес кој го забележавме во 2017 година и сум уверен за она што нѐ очекува во иднина“, рече Џек Дорси, извршниот директор на Twitter.

Twitter ја затвори минатата календарска година со 330.000.000 корисници на платформата.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.