x

Уникатен PlayStation 5 доби нов дизајн и водено ладење

Категорија: Забава Објавено на 16 Март, 2021 од GSM.mk

Еден ентузијаст за технологија од Виетнам неодамна претстави модифициран Sony PlayStation 5, во кој инсталираше водено ладење, менувајќи го дизајнот на самата конзола.

Nhenhopach детално го расклопи неговиот PS5, а потоа го замени постоечкиот систем за ладење со воден. Како што вели во видеото, освен „работата околу пластиката“, направил и многу други работи за да функционира целиот систем.

Тој објави видео на својот YouTube канал за целиот процес, па можете да видите како направи специјална кутија за модифицираниот PS5, за да го собере воденото ладење и да работи правилно.


Покрај тоа, тој има инсталирано специјално RGB осветлување што го менува визуелниот впечаток.

Ова е уникатен примерок, а Виетнамецот најави дека можно е да почне со сериско производство доколку Sony му дозволи. Во тој случај, сосема разбирливо, конзолата ќе чини многу повеќе од обичната PlayStation 5.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.