x

Уред кој ќе им помогне на луѓето да имаат поквалитетен сон

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Јануари, 2018 од GSM.mk

Поголемиот дел од паметните уреди за следење на спиењето најчесто само пресметуваат колку време сте спиеле и колку често сте се буделе, додека новиот уред на компанијата Philips има за цел да им помогне на луѓето да се чувствуваат помалку уморни.

Уредот на оваа компанија, наречен SmartSleep, претставен е на овогодинешната CES конференција.

SmartSleep на своите корисници нема да им дава статистички податоци околу спиењето, туку наместо тоа сака да им го подобри квалитетот на спиењето, истакнаа претставниците на холандска компанија во текот на презентацијата во Лас Вегас.

Уредот се носи како превез околу глава и се користи два мали сензори, за да го открие текот и начинот на спиење.

Интересен дел е тоа, како што тврди Philips, дека овој уред интервенира во рамките на клинички докажаната технологија за да придонесе за подобро спиење во реално време.

Меѓутоа, на многумина се уште не им е најјасно како овој уред ќе функционира.

Технолошките експерти предвидуваат дека SmartSleep ќе користи вибрација и звуци како начин за опуштање и поттик за мирен сон.

Според извештајот од Philips, 70 отсто од луѓето кои имаат проблеми со сон, забележале дека се чувствуваат помалку уморни само после две недели користење на уредот SmartSleep.

Деталите околу продажбата и цената на овој уред се уште не се познати.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.