x

USB мистерија: Што се крие зад Dead Drop?

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 11 Декември, 2017 од GSM.mk

Ако имате „око соколово“ и се најдете во некоја метропола, може да забележите како од некој ѕид „ѕирка“ USB приклучок. Честитки, забележавте една ретка појава позната како Dead Drop.

Концептот за овој експериментален проект што постои горе-долу во сите светски метрополи е дел од една необична мрежа за размена на податоци што ја смислил берлинскиот уметник Арам Бартол пред 10 години.

Може да прикачите што сакате на овие USB приклучоци или да ја симнете нивната содржина на вашиот уред.

Името Dead Drop е инспирирано од раните денови на шпиунажата кога доверливи информации се разменувале со криење документи зад разлабавени цигли во мрачни улички или под незабележителни камења покрај патот.

Бартол ја прилагодил оваа необична идеја на неговиот техно-панкерски лов по скриено богатство.

Тој зацементирал стотици USB уреди во ѕидовите во бројни светски метрополи. Некои се скриени во ѕидови, други се закачени на огради, па дури и вградени во темелите на мостови. Ова се како бункери на алтернативната дигитална ера.

Ако сте доволно храбри, поврзете го вашиот уред со најдениот Dead Drop и симнете ја неговата содржина или додадете своја.

Исто така, ако сте заинтересирани, може да направите свој Dead Drop.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.