x

Уште еден рекорд за Samsung: Продадено првото производството на Galaxy Fold!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 21 Април, 2019 од GSM.mk

Првиот смартфон со екран на преклопување на Samsung, Galaxy Fold, е еден од најинтересните уреди кои беа претставени во оваа година досега. Токму поради тоа, и неговата продажба оди подобро од очекувано..

Уредите веќе пристигнаа кај своите први корисници, кои ги споделуваат своите импресии на сите социјални мрежи. Процесот на купување на Galaxy Fold што порано и побрзо беше поделен на два дела. Прво, фановите мораа да направат резервација и потоа, откако започна претпродажбата, резервацијата ја претвораа во нарачка.

За жал, Samsung го потцени бројот на резервации за својот нов уред од 2,000 долари и некои од резервации не можеа да станат нарачки. Оние кои не беа доволни брзи да ја направат својата претпродажна нарачка, биле информирани дека "поради преголема побарувачка, Galaxy Fold е веќе распродаден на Samsung.com". Но, без грижи, Samsung сепак ќе ги земе нивните пари, но подоцна, кога ќе бидат достапни нови единици. Кога точно ќе биде тоа, сеуште не се знае.

Despite the unusual form-factor, there are cases for it as well

Сега за сега, не се достапни информации за точниот број на продадени Galaxy Fold уреди, но бројката веројатно била помала од обично.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.