x

Вака изгледа паметен часовник од 1,000 долари!

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 05 Септември, 2016 од GSM.mk

Garmin го претстави својот нов часовник Fenix Chronos, кој е огромен, моќен, но и прилично скап. Да погледнеме што добиваме за цена од околу 1,000 долари...

Пред се, часовникот е навистина изграден како тенк, од нерѓосувачки челик (постои и верзија  изработена од титаниум за 1,500 долари), стакло изработено од сафир и отпорност на вода до 100 метри.

Каишчето може да биде изработено од кожа, нерѓосувачки челик или од титаниум, кое чини околу 100 долари повеќе. Екранот е со големина од 1,2 инчи, но за жал не е на допир. Часовникот работи на софтвер од Garmin, така што за жал нема да може да инсталирате Android Wear апликации.

Часовникот поседуваа GPS, мерач на пулс, активности и барометар. Наводно, напредниот софтвер нема да ви каже само колку калории сте потрошиле, туку може да пресмета далечина на вашиот голф удар, стилот на пливање и автоматски да започне да мери втор круг на стаза додека трчате.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.