x

Вака ќе изгледа камера менито на Nokia 8!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Август, 2017 од GSM.mk

Новиот уред на HMD, Nokia 8, ќе биде најавен на 16 август. Веќе знаеме како ќе изгледа и дел од неговите спецификации, останува да видиме како би изгледал софтверот на телефонот:

Уредот ќе доаѓа со Zeiss леќи и дуален систем камери, но досега не знаевме како ќе изгледа менито на камерите и какви опции ќе нуди. Иако голем број од фановите не беа задоволни од менито на Nokia 3, 5 и 6, изгледа дека истото ќе го добијат и во Nokia 8.

Наводно, Nokia 8 има три функции: RGB, Dual-Camera и Mono. Пред да направат слика, корисниците ќе може да одберат која камера ќе ја користат, главната, секундарната или селфи камерата. 

Но, ваквото мени ќе биде достапно само при неговото претставување, откако Lumia Camera апликацијата ќе биде преименувана и оптимизирана да работи на Android уреди, истата ќе ја добие и Nokia 8.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.