x

Вашиот iPhone 5 уред ќе престане да работи доколку не го инсталирате овој update!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 29 Октомври, 2019 од GSM.mk

7 години по претставувањето на iPhone 5, Apple почна да испраќа порака до корисниците за нов update кој мора да го инсталираат..

Компанијата изјави дека последната компатибилна верзија за iPhone 5 уредите е  iOS 10.3.4 и мора да биде инсталирана на сите телефони до 3-ти ноември.

Според Apple, iPhone 5 уредите кои нема да работат на  iOS 10.3.4 до следната недела нема да може да се конектираат на интернет. Истотака, основните сервиси како App Store, Mail, iCloud и Safari нема да работат. 

Доколку заборавите да го инсталирате update-тот до 3 ноември, постои уште една опција. Потребно е да најпрво да направите backup на компјутер и потоа да преминете на најновиот iOS. 

Инаку Apple прекина со креирање на нов iOS 10 пред две години, кога премина на iOS 11, но поради проблем кој се појави пред неколку месеци, претстави уште еден iOS 10 update за време на летото. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.