x

Вашиот iPhone ќе биде побрз со iOS 10.3!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 29 Март, 2017 од GSM.mk

Apple постигна нешто неверојатно со iOS 10.3: За само неколку дена го смени оперативниот систем на милиони уреди, без корисниците да забележат..

iOS 10.3 доаѓа со уште една важна карактеристика: Ќе направи вашиот уред да биде побрз. Всушност, Apple нема направено никакви промени кои би го убрзале уредот, но има скратено некои анимации и интеракции кои прават да го чувствувате побрз, иако самиот процесор нема никакви промени.

Доколку веќе го имате новиот оперативен систем, споделете во коментарите како ви се допаѓа и дали забележавте промени во брзината на уредот :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.