x

Вашите смартфони постојано ве шпионираат и преслушкуваат!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 09 Јуни, 2018 од GSM.mk

Сигурно сте забележале дека рекламите на Facebook и Instagram, па и општо на повеќето веб-страни, покажуваат работи кои најверојатно ви се потребни, иако никогаш не сте ги барале на интернет. Еве ја причината позади тоа:

Што ако никогаш не сте ги пребарале работите кои ги има на Facebook рекламите на вашиот профил, а се појавуваат за вашиот одмор во Јапонија, на кој никогаш не отидовте? 

Токму тоа му се случи на Sam Nichols. Откако зборувал за посакуваното патување во Јапонија со пријател, реклами за евтини авионски летови до дестинацијата почнале да се појавуваат на неговиот Facebook профил. Затоа,  решил постојано да зборува за патики, облека и се останато во близина на својот iPhone, каде по секој разговор почнале да се појавуваат реклами поврзани за темата за која зборувал. 

Безбедносните истражувачи велат дека сосема нормално што телефоните постојано ве слушаат. Како што веднаш реагираат кога ќе слушнат "OK Google," или "Hey Siri," одредени зборови се пренесуваат до апликациите кои имаат дозвола да ги користат - како на пример, Facebook. Иако процесот звучи сомнително, не станува збор за кражба на вашите податоци. 

Еден мал совет, кој можеби ќе ви помогне да се чувствувате побезбедно, е да го исклучите следењето на вашата локација, преку Settings > Privacy > Location Services > System Services > Significant Locations.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.