x

Веб-магазин кој се чита со исклучен интернет

Категорија: Занимливости Објавено на 08 Февруари, 2018 од GSM.mk

The Disconnect е нов магазин во кој можат да се најдат различни кратки приказни, артикли и поезија, а тој е достапен само на интернет. Но, не можете да го читате додека сте приклучени на интернет.

Веб-магазинот се крие позади предупредување кое вели дека магазинот ќе може да го читате само ако го исклучите интернетот на вашиот телефон или компјутер.

Звучи чудно, нели? Скоро неизводливо. Како ќе го читате магазинот кој се наоѓа на интернет, доколку не сте приклучени на интернет? The Disconnect се вчитува целиот одеднаш кога ќе го отворите на вашиот интернет пребарувач, за потоа да побара од вас да се исклучите од интернет за да можете да го читате на мира.

„Ова не е очаен плач против модернизирањето и современата култура, туку ова е само екперимент во развој“, вели уредникот Крис Бролин.

Првото издание на The Disconnect, наречено „Escape“, е мало, само тринаесет страници долго и содржи пет кратки раскази, пет поеми, три есеи со „коментар“ на темата за интернет и како тој (и дали) создава поделба доколку постојат луѓе кои едноставно не можат да се исклучат од интернет.

Можеби ќе ви биде тешко да го читате овој магазин доколку користите Slack, Skype за работа, или едноставно често го проверувате вашиот имејл, но навистина е корисно да постои една ваква иницијатива која ќе ве натера да се „одлогирате“ од онлајн светот и да постоите за момент во реалноста.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.