x

Веќе се тестира технологија за 6G мрежа

Категорија: Занимливости Објавено на 03 Јуни, 2020 од GSM.mk

Во Кина се тестира технологија за 6G мрежа.

Тестирањето го спроведуваат научници од кинеската компанија Xiaomi, а генералниот директор на компанијата Леј Џиен не сакаше да открие детали за прелиминарните тестирања. Истакна дека важен предуслов за развој на 6G технологијата е воспоставување на сателитски интернет мрежи.

„Не се доволни само базни станици и сателити. Ни претстојат многу истражувања од оваа област“, нагласи генералниот директор.

Леј Џиен истакна дека пандемијата со коронавирусот негативно влијае на развојот на 5G мрежата, но компанијата ќе продолжи да ја развива оваа технологија, како и да произведува паметни телефони кои поддржуваат 5G мрежа.

Во наредните месеци компанијата ќе се фокусира на развој на 5G уреди, развој на сателитскиот интернет и истражување на технологија за 6G мрежа. Тој истакна дека воведувањето на 5G технологијата значително ќе ги подобри нашите животи.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.