x

Vernee Mix 2: All screen телефон по цена од 170 долари!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Октомври, 2017 од GSM.mk

Телефоните со големи екрани и без рамки се најпопуларниот тренд оваа година. Но, што е со оние кои сакаат ваков уред, а нејќат да потрошат многу пари? Па, има неколку опции, меѓу кои е и Vernee Mix 2..

Mix 2 содржи неколку карактеристики со кои се истакнува. Според официјални информации, тело-дисплеј соодносот е околу 93%, што е доста импресивно дури и според модерните стандарди. Самиот дисплеј е 6 инчи со резолуција од 1080 x 2160 пиксели.

Во внатрешноста, се наоѓа MediaTek Helio P25, придружен од 4GB RAM и 64GB меморија. Работи на батерија од 4200mAh. 



На задната страна се наоѓа дуален систем камери од 13 и 5 мегапиксели. Како што веќе знаеме, секундарната камера ја овозможува Portrait опцијата. На предната страна, се наоѓа 8 мегапикселна камера за Instagram и Facebook селфињата.


На претпродажба, цената на Vernee Mix 2 е 170 долари, а по неговото официјално претставување, ќе чини 230 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.