x

Vero сака да биде новиот Instagram, но се соочува со големи проблеми

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 07 Март, 2018 од GSM.mk

Познатите лица низ светот и останатите корисници на социјални мрежи почнаа да се приклучуваат на Vero, новиот вирален хит низ социјалните медиуми. Но, Vero има проблеми кои можеби се премногу големи за лесно да се отстранат.

Некои луѓе го нарекоа Vero „новиот Instagram“, но сега се појавија проблеми во истата кои не можеа да бидат лесно надминати во само неколку дена.

Vero е всушност апликација која беше лансирана пред неколку години, но фати замав во последните неколку недели, кога голем број познати личности почнаа да ја промовираат и да отвораат профили на оваа социјална мрежа.

Токму овој пораст на интерес направи апликацијата да не работи за многумина, бидејќи нејзините сервери се преплавени од корисници и не можат да ја издржат големата бројка на нови профили. Дури и откога луѓето ќе направат нов профил, потоа се справуваат со потешкотии кога пробуваат да објават слика или пост.

„Поради голем број на корисници во моментов се справуваме со технички проблеми. Работиме на нивно отстранување што е можно побрзо“, пишуваше на официјалниот Twitter профил на апликацијата.

Други пак, имаа проблем со правилата на користење на самата социјална мрежа. Во правилникот пишуваше дека Vero може да ги користи сликите и постовите на корисниците без да плаќа за тоа, и дека тие се авторско право на Vero.

Vero навреме им даде до знаење на новите корисниците дека иако сега отворањето на профил на оваа мрежа е бесплатно, таа ќе почне да наплаќа во наредните неколку месеци, откако ќе ја достигне претходно пропишаната бројка на корисници.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.