x

Вертикално свитливиот смартфон на Sharp може да издржи 300.000 превиткувања

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Април, 2019 од GSM.mk

Минатиот месец, без претходна најава, беше објавен новиот патент на јапонската компанија Sharp, во кој е опишан смартфон со свитлив екран..

Раниот прототип на овој уред вчера за првпат беше претставен на јавноста, а првите впечатоци се дека се работи за уникатен, напреден и многу интересен уред.

Телефонот доаѓа со AMOLED екран со дијагонала од 6,18 инчи, резолуција од 3.040 х 1.440 пиксели и голем „notch“ на врвот од дисплејот. Екранот се превиткува навнатре, како своевремено популарните телефони на преклоп.

Од Sharp тврдат дека нивниот уред може да издржи 300.000 превиткувања, така што долгорочната издржливост нема да претставува проблем. Одговорните лица во компанијата веруваат дека нивниот смартфон ќе предизвика голем интерес, бидејќи на купувачите им е исклучително важно уредот да биде компактен и пренослив.


Според извештаите, Sharp има намера да го комплетира телефонот и да започне со сериско производство, па може да се надеваме дека до крајот на наредната година тој веќе ќе биде достапен на пазарот.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.