x

Вештачката интелигенција овозможи откривање на повеќе од 600 скриени микроорганизми

Категорија: Занимливости Објавено на 07 Април, 2018 од GSM.mk

Благодарение на вештачката интелигенција, научниците успеаја да откријат ефикасен начин на пребарување и категоризирање на вируси. Тоа резултираше со откривање на повеќе од 6000 скриени микроорганизми.

Научниците до неодамна откриваа вируси преку барање на одреден геном во примерокот, но голем број на тие потфати беа неуспешни.

За почеток, доста е тешко да се чуваат вируси во лабораториски услови, а потрагата за одреден примерок, дополнително е отежната поради нивната мала величина и голема брзина на мутирање.

Новите методи за лов на непознати вируси, вклучуваат секвенцирање на примероци на ДНА, земени од различни опкружувања.

Благодарение на ова откритие ќе биде многу полесно да се препознаат одредени микроорганизми и да се одреди нивната поврзаност со различни здравствени состојби.

Експертите велат дека вештачката интелигенција може да разоткрива тајни за кои до денеска не сме ниту размислувале.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.