x

Ви снема интернет? Еве како да го рестартирате рутерот

Категорија: Совети Објавено на 11 Февруари, 2021 од GSM.mk

Имате проблем со поврзувањето на интернет? Една од работите што навистина може да ви помогне е рестартирање на рутерот.

Ова е многу едноставна процедура која трае само неколку минути.

Ако наидете на помали проблеми со интернет конекцијата, понекогаш е најлесно да направите рестарт. Со овој метод, може да се прескокне ресетирањето, односно да се избрише конфигурацијата на уредот, што се разликува во зависност од производителот на модемот и вклучува бришење на конфигурациските датотеки.

Ако вашиот рутер има физичко копче за исклучување на уредот, притиснете го и рестартирајте го уредот по околу 30 секунди. Ако нема копче, исклучете го уредот од струја, почекајте половина минута и повторно вклучете го.

Откако уредот ќе се рестартира, ќе мора да почекате да се поврзе на интернет. Процесот може да трае од една до десет минути, при што статусните светла на уредот полека ќе почнат да светнуваат. Интернетот би требало да проработи неколку минути подоцна.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.