x

Viber воведе нова услуга идеална за светските патници

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 13 Април, 2019 од GSM.mk

Ако сакате да патувате, мора да бидете сигурни дека ќе успеете да воспоставите комуникација било каде во светот. Поттикнат од ова прашање, Viber воведе нова услуга на мобилната апликација која ќе биде особено корисна за луѓето кои многу патуваат.

Новата функција на Viber ќе им овозможи на корисниците да изберат локален телефонски број од земјата во која престојуваат и преку него да примат телефонски повици и пораки по локални цени.

Услугата Viber Local Number во моментов е достапна само во САД, Канада и Велика Британија. Всушност, можат да ја користат сите корисници на Viber, но таа е достапна само со телефонски броеви од овие три земји. Во иднина ќе бидат додадени повеќе земји во кругот каде е достапна оваа услуга.

Преку локалниот Viber број корисниците ќе можат да примаат неограничен број на повици и СМС пораки, кои ќе им бидат достапни по цените предвидени од локалните оператори.

За оние луѓе кои често патуваат, услугата Viber Local Number е повеќе од добредојдена, бидејќи ќе им ја олесни работата во процесот на планирање на патувањето, резервирање на хотели и сместувања, како и за останати обврски во врска со патувањето.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.