x

Видео: Apple ги промовира новите Memoji функции со iOS 13!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 06 Јуни, 2019 од GSM.mk

На WWDC 2019 настанот, Apple претстави низа нови функции и опции, вклучувајќи неколку забавни промени и за корисниците на Memoji...

Memoji се персонализирани емотикони кои може да ги следат движењата и лицата на своите корисници. Може да се користат на Message и Face Time апликациите.

Во видеото главни ѕвезди се јутјуберите Patrick Starr и Desi Perkins - поточно, нивните Memoji верзии. Покажуваат како може да користите нови модни додатоци и шминка на своите анимирани верзии со iOS 13. Видеото покажува како може да ставате сенка на очи, како и кармин. Со iOS 13, може да бидат ставани и протези, обетки, наочари, капи и слично.


Ова можеби не е највозбудливата нова функција претставена со iOS 13, но дефинитивно е една од најзабавните.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.