x

Видео: Apple ќе претстави црвен iPhone 8?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Септември, 2017 од GSM.mk

Досега видовме голем број iPhone 8 модели во бела, златна и црвена верзија. Но, ново видео открива уште една интересна варијанта од смартфонот...

Претставувањето на долгоочекуваниот iPhone 8, истотака познат како iPhone X e на 12 септември. Само неколку дена пред неговото најавување наидовме на видео каде се забележува црвена верзија од уредот. 


Револуционерниот смартфон на Apple ќе има OLED панел (прв пат кај iPhone), edge-to-edge дисплеј, моќна батерија, Apple A11 и безжично полнење. Најверојатно ќе биде достапен со 64GB, 256GB и 512GB меморија, а цената ќе се движи од 1000 до 1400 долари.

Покрај него, ќе бидат претставени и iPhone 7s и iPhone 7s Plus, новите верзии од минатогодишните iPhone 7 и iPhone 7 Plus. Ќе доаѓаат со LCD дисплеј и Touch ID.

Возбудени? :)


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.