x

Видео: Digit го откри дизајнот на новиот iPhone XI

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Јануари, 2019 од GSM.mk

Можеби изгледа како да е прерано, но Digit тврди дека знае како ќе изгледа новиот iPhone кој треба да се појави годинава.

Според рендерот до кој успеа да стигне екипата на Digit, новиот iPhone XI би требало да има три камери на задниот дел од телефонот и тие ќе бидат распоредени во посебен квадратен дел од телефонот, заедно со блиц-светлото.

Digit напоменува дека овој дизајн и понатаму се наоѓа во тест фаза, па затоа не може да гарантира дека финалниот изглед на новата линија на iPhone телефони ќе биде ист како оној на видеото.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.