x

Видео: Експлозија на Samsung уред уништила цел автомобил

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Јуни, 2018 од GSM.mk

Нов скандал за компанијата - Samsung уред обвинет за експлозија и загрозување на животот на неговата сопственичка..

Според ABC, жена од Америка патувала на 21 мај со својот автомобил и два смартфони - Samsung Galaxy S4 и Samsung Galaxy S8 веднаш до неа. Одеднаш, забележала искра од еден од уредите, кој потоа целосно се запалил. Веднаш застанала, но автомобилот веќе бил целосно уништен. 

По настанот, нејзиниот адвокат изјави дека веќе исконтактирале со Samsung и дека компанијата била многу одговорна и веднаш пратила екипа да го испита автомобилот и уредите. Се надеваат дека наскоро ќе го откријат виновникот, како и причината позади настанот. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.