x

Видео: Еве како изгледаат четирите камери на Galaxy A9 во акција!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 02 Ноември, 2018 од GSM.mk

На 11 октомври, Samsung го претстави Galaxy A9 (2018). Иако станува збор за уред од средната класа, интересно е што доаѓа со четири камери на задната страна..

Додека го очекуваме официјално на 15 ноември, Samsung сподели видео од A9 кое, нормално, се фокусира на неговите камери. Станува збор за 8 мегапикселна Ultra Wide камера, придружена од 10 мегапикселна Telephoto, 24 мегапикселна Primary и 5 мегапикселна Depth камера. Видеото покажува за што ќе служи секоја од нив.


Од други спецификации, очекуваме 6.3 инчен дисплеј, со резолуција од 1080x2220 пиксели и 18.5:9 сооднос. Во внатрешноста ќе се наоѓа Snapdragon 660, придружен од 6/8 GB RAM и 128GB меморија. Батеријата ќе биде од 3800mAh.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.