x

Видео и фотографии: Отпакување на Google Pixel 3 XL!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Август, 2018 од GSM.mk

Случајно или не, Google го најави Android 9 Pie само неколку дена пред претставувањето на Galaxy Note 9. За работите да бидат поинтересни, сега, за време на претставувањето на новиот уред на Samsung, се појавија видеа и фотографии од Google Pixel 3 XL..

Станува збор за фотографии од производството на Google Pixel 3 X, кои ни даваат најдобра идеја за дизајнот на уредот досега. На нив, смартфонот е претставен во бела боја. Како бонус, се појави и кратко видео од отпакувањето на уредот. 

Останатите фотографии потврдуваат и други карактеристики на уредот - Snapdragon 845, 4GB RAM и Android 9.0 Pie. Дисплејот ќе биде со резолуција од 1440 x 2960 пиксели. 



Претставувањето на Google Pixel 3 и Pixel 3 XL го очекуваме на 4 октомври. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.