x

Видео: Како изгледаат уникатните камери на OnePlus 7 Pro во акција?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Мај, 2019 од GSM.mk

JerryRig, познат по своите видеа каде ја тестира издржливоста на новите смартфони, сподели ново видео каде покажува како ќе функционира системот на лизгање кај OnePlus 7 Pro:

Во новото видео, Jerry покажува што се наоѓа во внатрешноста на 7 Pro и како изгледа и функционира системот од три камери.

Инаку, главната камера ќе биде од 48 мегапиксели, придружена од секундарна камера од 16 мегапиксели и трет телефото сензор. Селфи камерата, која ќе биде на лизгање, истотака ќе биде од 16 мегапиксели.


Од останати спецификации, OnePlus 7 Pro ќе доаѓа со голем 6.7 инчен AMOLED дисплеј со резолуција од 1440 x 3120 пиксели и 19.5:9 сооднос. Во внатрешноста ќе се наоѓа Snapdragon 855 - најновиот и најмоќниот процесор на Qualcomm во моментот. Ќе има три конфигурации - една со 6GB RAM и 128GB меморија, друга со 8GB RAM и 256GB меморија и последната, која е најмоќна, ќе биде со 12GB RAM и повторно 256GB меморија. Батеријата ќе биде од 4000mAh.

Уредот ќе биде достапен во сина и сива боја, а неговата почетна цена ќе биде околу 699 евра во Европа.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.