x

Видео: Колку е издржлив Sony Xperia XZ Premium?

Категорија: Занимливости Објавено на 13 Јули, 2017 од GSM.mk

Официјално претставен претходниот месец, Xperia XZ Premium е еден од најскапите телефони на Sony. Токму поради тоа, би требало да покаже одлични резултати на тестовите на издржливост.. Да погледнеме како изгледаше тестирањето:

Видеото кое може да го гледате подолу, е снимено од JerryRigEverything - популарен јутјубер по своите тестирања кај смартфоните. Како што може да видите од видеото, предниот и задниот дел на  XZ Premium се заштитени со Gorilla Glass 5, багодарение на што испадна исто толку издржливи како новите уреди на Samsung и Apple. Дисплејот и предниот дел на уредот нема да се изгребат во нормални ситуации, дури ни ако ги чувате во џеб со клучеви, парички и слично.

Кога станува збор за превиткувањето, XZ Premium се покажа одлично. Дури и малку да се превитка, уред подоцна се враќа во својата нормална форма. Се на се, JerryRigEverything вели дека ова е "најдобро изградениот телефон на Sony досега". Погледнете го видеото и уверете се сами:


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.