x

Видео: Новата реклама на Apple не потсетува зашто Face ID е подобро од Touch ID!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Јули, 2019 од GSM.mk

Покрај промовирање на камерите, оваа година Apple посвети особено внимание на уште една функција која е од големо значење за корисниците:

Иако во видеото од 40 секунди главна ѕвезда е буџетскиот iPhone XR, целта на рекламата дефинитивно важи за целата iPhone серија од 2019 година. Главната цел на видеото е да ја промовира Face ID опцијата за отклучување на уредите, како "побезбеден и попрактичен начин на отклучување од Touch ID". 

Со цел да создаде вистински "all screen" дизајн, Apple го отстрани отклучувањето со отпечаток уште претходната година, со iPhone X. Од друга страна, постарите модели кои компанијата ги продава, како iPhone 7 и 8, сеуште доаѓаат со скенер за отпечатоци. 

Името на рекламата е "Nap", а видеото трае 40 секунди:


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.