x

Видео од Xiaomi Mi Mix 2s: Дизајн како iPhone X и безжично полнење

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Март, 2018 од GSM.mk

27 март е интересен датум за оние кои ја следат кинеската телефонска технологија. Иако знаеме поголем дел од спецификациите за P20 триото на Huawei, уредите на Xiaomi сеуште се мистерија, особоено во изгледот..

Знаеме дека Xiaomi ќе претстави уред наречен Mi Mix 2s кој ќе доаѓа со Snapdragon 845 мобилната платформа. Уредот ќе доаѓа со 5.99 инчен дисплеј, дизајн без рамки и керамичко тело. Според претходните гласини, процесорот ќе биде придружен од 8GB RAM и 256GB меморија. На задната страна ќе се наоѓаат две камери од 12 мегапиксели, а скенерот за отпечатоци ќе биде вметнат во дисплејот. Се очекува да доаѓа со безжично полнење. 

Иако очекуваме моќни бенчмарк резултати, благодарение на Snapdragon 845, она што највеќе не интересира е начинот на кој компанијата ќе се приклучи на "all-screen" трендот. Xiaomi беше една од првите компании која претстави телефон со речиси невидливи рамки, кај оригиналниот Mi MIX, a потоа го подобри дизајнот со неговиот следбеник, Mix 2. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.