x

Видео: Отпакување на Huawei Mate 20!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 08 Ноември, 2018 од GSM.mk

Покрај Mate 20 Pro, обичната верзија можеби и не доби толку внимание, но без сомнение станува збор за еднакво моќен уред со голема батерија и елегантен изглед.

Како мало потсетување, Mate 20 е физички поголем од Mate 20 Pro, додека главната разлика е што Mate 20 има LCD екран, а Mate 20 Pro доаѓа со AMOLED панел. Истотака, камерите кај Mate 20 Pro се поквалитетни.

Mate 20 (лево) vs Mate 20 Pro (десно)

Mate 20 (left) vs Mate 20 Pro (right)

Се разбира, како што кажува самото име, некои од карактеристиките се екслузивни само кај Pro уредот - скенерот за отпечатоци под дисплејот, брзото полнење, како и Face ID.

И покрај тоа, Mate 20 е сепак моќен уред на кои вреди да му се посвети внимание. 

Huawei Mate 20 Unboxing and First look

Во кутијата се наоѓа: 

  • Huawei Mate 20
  • SuperCharge полнач
  • Слушалки
  • Силиконска маска
  • Упатство

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.