x

Видео: Отпакување на OnePlus 5T пред неговото официјално претставување!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Ноември, 2017 од GSM.mk

Иако официјалното претставување на OnePlus 5T ќе биде за помалку од недела дена, покрај тоа што ги дознавме неговите спецификации и видовме неколку слики, сега се појави и првото отпакување на уредот..

На социјалните мрежи се појави 5 минутно видео од отпакувањето на OnePlus 5T. Видеото прво беше објавено на YouTube, но потоа беше избришано. Добрите вести се што беше објавено на друга страна, каде тешко дека ќе биде избришано во брзо време.

Клучната разлика меѓу OnePlus 5 и OnePlus 5T е во дисплејот. Новиот смартфон доаѓа со поголем дисплеј, помали рамки и 18:9 сооднос. Бидејќи нема Home копче, скенерот за отпечатоци е преместен на задната страна.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.