x

Видео: Пристигна првата реклама за 5G технологија промовирана со интересен Samsung уред

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 05 Декември, 2018 од GSM.mk

5G, следната генерација која ќе се користи во безжичната комуникација е се поблиску и поблиску. Пред неколку дена се појави и првата реклама за ваквата технологија:

Јужна Кореја е чекор пред својата конкуренција, бидејќи 5G мрежите се веќе претставени, но сеуште нема достапни смартфони кои ја поддржуваат оваа технологија. Во видеото, користејќи Samsung уред, Park Jung-ho, извршниот директор на SK Telecom телеком изврши видео повик кон своите вработени во други градови. Ова е првиот пат како смартфон се користи за 5G комуникација, а не станува збор само за тестирање.


Телефонот кој се наоѓа во видеото има интересни карактеристики. Предниот дел наликува на Galaxy S9 Plus, додека на задната страна се наоѓаат хоризонтално поставени камери, без скенер за отпечатоци. Токму поради ваквиот модерен изглед, корисниците сметаат дека можеби станува збор за еден вид прототип на Galaxy S10. Кое е вашето мислење?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.