x

Видео: Пронаоѓање на iPhone X во река по две недели, уредот сеуште работи!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 17 Јуни, 2018 од GSM.mk

"Man + River" каналот и јутјуберот Dallas се познати по пронаоѓањето на разни работи под вода и лоцирање на нивните сопственици. Но, неговиот последен "воден лов" стана еден од неговите најомилени пронајдоци..

Видеото започнува како Dallas пронаоѓа клучеви, наочари и... iPhone X. Колку што бил возбудлив пронајдокот, уште поинтересно е што успеал да го најде сопственикот на уредот - жена наречена Alyssa, која го изгубила пред речиси 2 недели.

Смартфонот бил отворен и исушен пред Dallas повторно да го уклучи. Најважно од се, уредот работел без проблем, иако гаранцијата тврди дека издржува до 30 минути под вода. 

Иако, не е прв пат уред да издржи неколку дена, па дури и недели под вода и повторно да работи, ова е прв пат да станува збор за најновиот и најдобриот смартфон на Apple. 

Видеото може да го погледнете тука:


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.