x

ВИДЕО: Запознајте се со најновата генерација на Xiaomi, Mi Robot Vacuum-Mop P (Pro)

Категорија: Рецензии // Гаџети Објавено на 05 Мај, 2020 од GSM.mk

Заборавете на рачните правосмукалки! За сите љубители на чистење без напор, тука е новата генерација на Xiaomi, Mi Robot Vacuum-Mop P (Pro), со многу поголема моќност во чистењето и можност за џогирање.

Имавме прилика да ја тестираме најновата генерација на роботски правосмукалки Xiaomi, Mi Robot Vacuum-Mop P (Pro), достапен и во Македонија во каталогот на Смартус.


Ќе се изненадите колку прашина се собира, особено кога често се проветруваат просториите. Со самото тоа што роботската правосмукалка секојдневно чисти, ќе има многу помалку прашина која ќе се крева со секое движење низ домот што е клучно за сите предмети да бидат почисти. Кога на сето ова ќе се помине и со џогер, домот ќе добие одлична свежина без никаков напор од ваша страна.


Зголемена моќ и капацитет на чистење

Новата генерација роботи има зголемена моќ на вшмукување од 2100Pa. Можноста да искачува препреки високи до 2 cm, го прави идеален да може да го покрие секој дел од вашиот стан, да може да се искачи и да ги исчисти сите теписи, да ги премине сите лајсни и прагови што ги имате. Каблите исто така не се проблем, може без проблем да ги прескокне, но сепак внимавајте на мали и тенки кабелчиња, особено на полначи од телефон, кои слободно се фрлени на подот, доколку крајот од полначот се најде на патот, најверојатно ќе добиете порака на апликацијата дека вашиот робот се заглавил зашто пробал да го повлече кабелот. Батеријата е со капацитет од 3200 mAh и е произведена од страна на LG и Panasonic.

При тестовите кои ги правевме воопшто не го поштедивме роботот и сакавме да видиме до кој степен е способен да исчисти и навистина пријатно се изненадивме. Со целиот неред што му го приложивме, со целото ѓубре што му го истуривме, од најситно раздробени соленки, чипс, до цели парчиња сончоглед, топченца чоколаден флипс, па сѐ до цели парчиња чипс, речиси сѐ од истуреното собра при само едно поминување и немаше потреба од втор пат да ја помине истата површина. Со страничната перка успева да го помине и исчисти секој агол кој е тешко достапен така што самиот го собира ѓубрето пред себе за да може да го вшмука.


Џогирање

Оваа можност е можеби најзначајното нешто што го истакнува во споредба со сите обични роботи на пазарот кои имаат можност да работат само како правосмукалка. Mi Robot Vacuum-Mop P при самиот циклус на чистење, во првата половина од роботот го вшмукува ѓубрето и прашината, а втората половина го џогира подот што му дава дополнителна свежина на домот  притоа чистејќи ги сите дамки што ќе ги најде на подот.

Имавме прилика да направиме навистина детални и брутални тестови со истурен сок од цвекло, кафе и зелен чај и притоа оставени да се засушат, како и стари дамки на подот кои никој не нашол време да ги исчисти зошто нели, кој сака да чисти? Со првото поминување, роботот исчисти сѐ! Не остави ниту една најмала флека. Дури и флекитеза кои сесомневавме дека ќе може да ги исчисти зашто беа повеќе денови засушени, ги исчисти со леснотија.

Се разбира како и секој производ, така и овој мора да има и недостатоци, инаку би било чудно кога сѐ би било совршено. Во резервоарот за вода е препорачано да не се ставаат никакви средства бидејќи можат да го оштетат резервоарот и ноздрите низ кои се пропушта водата. Иако чисти сосема задоволително и само со вода, сепак доколку сакате да внесете екстра свежина, можете на самото крпче кога ќе го навлажните пред чистењето, да го напрскате со средство за чистење. Не се грижете за вашите дрвени подови, ноздрите што пропуштаат вода имаат можност да регулираат колкава количина на вода да пропуштаат преку самата апликација, притоа нудејќи ја оптимална количина. Така вашиот под никогаш нема да се уништи бидејќи ноздрите ја држат крпата влажна цело време, но не и мокра да би цедела вода и да направи штета.


Дизајн, Ергономија, Сензори

Дизајнот на новата правосмукалка ја задржува класичната линија на брендот Xiaomi, и доаѓа во две бои, бела или црна. Квалитетот на изработката е навистина импресивен, делува навистина цврсто и квалитетно што укажува дека самиот робот е изработен од високо квалитетни материјали и не станува збор за неквалитетна играчка.

Опремен е со 12 високо прецизни сензори кои во радиус од 8 метри и 360 степени околу роботот го скенираат целиот простор и му помагаат попрецизно да навигира низ околината. Веднаш си ја прави најоптималната рута по која треба да се движи. Сензорите му помагаат да се снајде најоптимално со сите можни препреки, да го заобиколи соодветно без да се удира и да оштетува предмети околу себе како што прават останатите роботи кои немаат вакви сензори и работат на принципот на детектирање препреки кога ќе се удрат во некој предмет или ѕид. Се разбира роботот е опремен и со сензори кои се способни да откријат доколку има дупка под нив да не паднат, како што е случајот доколку имате скали, ќе застанат точно до самиот раб од скалите, ќе исчистат и ќе продолжат без притоа да паднат.


Smart Апликација

Апликацијата преку која може да се ракува роботската правосмукалка се вика “Mi Home”, бесплатна е и достапна е за iOS и Android. Нејзиното поврзување со роботот е навистина едноставно, и лесно може секој да се снајде без потреба од никакви предзнаења. Штом го поврзете првиот пат, потоа се може да правите преку апликацијата.


Чистење и одржување

Со роботот доаѓаат два резервоари за собирање на прашина и ѓубре, едниот е само резервоар за прашина и ѓубре и е поголем во споредба со вториот кој има и втор дел во самиот резервоар каде се полни водата која ја користи роботот за џогирање.

Во пакувањето добивате две крпи од кои едната служи за влажно чистење на подот, а другата за суво чистење.

Дали вреди за парите?

Доколку го споредиме овој модел, со сите останати модели кои се нудат на пазарот од овој или од други брендови, Xiaomi Mi Robot Vacuum-Mop P (Pro) е најдоброто решение доколку сакате најдобар сооднос помеѓу цената, квалитетот и функционалностите. Xiaomi како бренд се покажа како доста квалитетен во изминатите години, за релативно ниска цена, но тоа што го истакнува е што е навистина со многу опремена Smart технологија која другите брендови ја имаат само во највисоките класи на роботи кои имаат цена која е барем 2-3 пати повисока од оваа.

Финален заклучок

Сигурно ќе ви измами насмевка на лице, бидејќи прави токму она што никој не го сака. Тивок е, не се жали, не бара плата или покачување, самиот се полни, па си ги извршува задачите кои му ги задавате. И најдобро од сè, можете да го оставите сам во куќата/станот да чисти додека ги извршувате другите обврски или едноставно додека пиете кафе :)

Доколку шопинг и чистење од фотеља ви звучи примамливо, Xiaomi Mop P е достапен на сѐ популарниот македонски веб шоп Smartus.mk во бела и црна боја по промотивна цена од 22.990 денари и гратис достава до дома.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 64

https://gsm.mk/">

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Undefined offset: 4

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 64

A PHP Error was encountered

Severity: Notice

Message: Trying to get property of non-object

Filename: includes/sidebar.php

Line Number: 64

  • A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Undefined offset: 5

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65

  • A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Trying to get property of non-object

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65

    https://gsm.mk/">

    A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Undefined offset: 5

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65

    A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Trying to get property of non-object

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65

    " alt="

    A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Undefined offset: 5

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65

    A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Trying to get property of non-object

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65

    " align="left" width="100" height="60" />

    A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Undefined offset: 5

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65

    A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Trying to get property of non-object

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65

    https://gsm.mk/">

    A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Undefined offset: 5

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65

    A PHP Error was encountered

    Severity: Notice

    Message: Trying to get property of non-object

    Filename: includes/sidebar.php

    Line Number: 65