x

Викенд занимација: Две бесплатни игри од Epic Games

Категорија: Забава Објавено на 09 Ноември, 2020 од GSM.mk

Викендот е пред нас, а за неуморните гејмери Epic Games повторно подготви две бесплатни видеоигри.

Првиот подарок доаѓа во форма на стратегијата Dungeons 3, додека вториот подарок требаше да биде Wargame: Red Dragon. Сепак, оваа видеоигра ќе биде бесплатна малку подоцна во текот на месецот (секако ќе дознаете овде). Наместо тоа бесплатна е, Kingdom Classic.

Dungeons 3 е, како што рековме, стратегија во која вие сте негативец. Целта е да ја дизајнирате и изградите вашата зандана, да поставите што е можно повеќе стапици и чудовишта во неа, а потоа да ја отворите за општ ужас на сите други. Покрај опсегот од 20 мисии, имате можност за рандом задачи и co-op или играње со двајца играчи.

Kingdom Classic е минималистичка видео игра во која сте отуѓен член на владејачката каста. Пристигнувате во целосно ново опкружување, каде помагате да изградите мал град и да се одбраните од разни чудни суштества. Визуелно едноставна, а сепак зачудувачка, Kingdom Classic е чиста забава.


Постапката е веќе позната, само треба да поминете низ процесот на преземање на двата наслова и после тоа тие ќе останат во ваша сопственост засекогаш. Можете да го направите ова преку овој линк .

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.