x

Vivo V15 Pro пристигнува на 20 февруари со 32 мегапикселна селфи камера на лизгање!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Февруари, 2019 од GSM.mk

Vivo V15 Pro пристигнува на 20 февруари, со низа интересни спецификации и нов дизајн:

Vivo NEX S беше првиот смартфон кој го претстави концептот со селфи камера на лизгање. Кај новиот уред на компанијата, селфи камерата повторно ќе доаѓа со иста технологија, но и со едно големо подобрување - наместо 8 мегапикселен, ќе има 32 мегапикселен сензор. Друга функција која V15 Pro ќе ја "позајми" од NEX S е скенерот за отпечатоци вметнат под дисплејот. 

Vivo планира да го претстави уред на исти ден со 2019 Unpacked настанот на Samsung, 20 февруари. Покрај селфи камерата, уредот ќе доаѓа со голем, 6.4 инчен full-HD+ Super AMOLED FullView дисплеј. Во внатрешноста ќе се наоѓа Snapdragon 675, заедно со 6GB RAM и 128GB меморија. Ќе работи на батерија од 3,700mAh.

 На задната страна ќе се наоѓаат три камери, од кои главната ќе биде од 48 мегапиксели, заедно со 8 мегапикселен секундарен и 5 мегапикселен трет сензор.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.