x

Vivo Xplay 7: Првиот телефон со три камери на задната страна!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 04 Август, 2017 од GSM.mk

На овогодинешниот MWC Shanghai, Vivo покажа слики од нов, интересен уред со три камери од задната страна и уште неколку изненадувања...

Станува збор за Vivo Xplay 7, истотака познат како X20. На настанот беа покажани слики, кои потврдуваат дека Xplay 7 најверојатно ќе биде првиот уред со скенер за отпечатоци вметнат во екранот. Предниот дел на телефонот нема никакви копчиња и неговиот дизајн е сличен како оној кој се појави за Galaxy Note 8. 

Друг интересен аспект на уредот е задниот дел, каде може да се забележат три камери и недостаток на LED блиц. Трите камери веројатно ќе донесат возбудливи опции и уште повозбудливи фотографии. 


Сега за сега, не се познати други спецификации за уредот, но повеќе информации очекуваме наскоро. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.